|
Марко
КИТЕВСКИ МАКЕДОНСКИ
БОРБЕНИ
НАРОДНИ
ПЕСНИ -Македонската
народна песна во
изминатите векови
ги
регистрирала сите поважни
моменти од животот на
македонскиот
народ.
Покрај семејните,
трудовите,
социјалните итн. ги
опеала уште и
годините на
ропство,
отпорот
против
разните
окупатори,
борбените
подвизи,
било тие да
се
индивидуални или
групни,
стихијни или
организирани итн.1. -Тешко е
да
се
утврди од кога
датираат
најстарите
борбени песни, но не би била без основа
претпоставката
дека
Словените
уште со
своето
доаѓање на
Балканот
располагале со богат фонд народни песни за митолошки и
за други јунаци,
коишто
подоцна со
познатите
процеси на трансформација и
актуелизација на
настаните и
ликовите биле
приспособени кон новите
времиња. Византискиот
патеписец и
дипломат
Никифор
Грегорас, кој во 1325/26
година
патувал низ
Македонија
и низ Србија,
во Струмица
бил
сведок како
населението со песни и
со
ора
го
празнувало
Велигден. Опишувајќи
ги
искушенијата
што ги
преживеал при
патувањето низ овие
краишта,
Грегорас
забележал дека придружбата
составена од локално
население,
пеела
јуначки
песни. -За кои
јунаци се
пеело во тоа
време денес
е тешко да се
каже, но може
да се
претпостави
дека тие
песни
подоцна послужиле
како основа
при
создавањето на
епските
песни за
Момчил
војвода, за
Волкашин, за
Марко Крале,
за Болен
Дојчин и за
другите
јунаци од
македонскиот
јуначки епос. Иако во
јуначките песни
среќаваме разни мотиви
како
чудното раѓање,
женидба на
јунаците,
некогаш и
со грабење жени,
смртта
односно
загинувањето на јунакот
итн.
"македонската јуначка
поезија, по својот
карактер и тон и
тематски е
превосходно
борбена
поезија,
зашто
нејзината
идејна
подлога
најчесто е
сврзана со
физичката
борба на
одделни наши
јунаци со разни народни
непријатели,обично поробувачи и
насилници". 3а
Марко
Крале,
централната
личност во
македонската
јуначка
поезија, најсаканиот
и
најпопуларниот
народен
јунак, води
борба
најчесто со
Турците за да
го заштити
својот
народ. Во
повеќе
песни се пее
дека Марко
Крале ослободува
три синџири
робје кои
црната
Арапина ги води во
ропство: си
пристаса три
синџири,/ си
посече
зулумќари, /
си испушти
младо робје, / од
синџири 'и
иста'и. Песната пее и
за
укинувањето на
свадбарината,
односно за
тешкиот свадбарскиот данок што токму три
децении го
наметнал
Црната
Арапина,
откако
претходно
го откупил од царот: кој ќа јунак млад се оженит, /
нему
са- кат
триесет и три
минца, / а
девојка
која ќа се
можит, / нејзе сакат
триесет
минцови.
Марко Крале
го убива Ара-
пот и го
укинува
данокот:
Коде имат јунак
за женење, / да
си сакат
мома спроти
него, / да си
сакат, да си
се оженат! / Коде имат
мома за
можење, / да си
сакат момче
спроти неа, /
да си сакат,
да си се
оможит! /
Заплатила Маркова
десница, /
заплатила
сета
свадбарина. Марко Крале на различни
начини ја
заштитува
христијанската
вера,
односно,
како што вели
М.
Цепенков,"законот
православен".
Еднаш
гради цркви
или
манастири,
друг
пат
како
христијанин ги пости
долгите и
тешки
велигденски пости, потоа оди на причесна во
црквата,
некогаш го
накажува дури и
царот
затоа
што
сакал
да потурчи
триста
девојки: живо
фати цара од
Стамбола / му
пресече
нозе од
колена, / бели
раце дури до
рамена, / му из-
врте очи од
глаата, / и го
кладе до
вода студена,
со пора- ка:
силум вера
да не се
менуа. Но,
не е само Марко Крале јунак од овие песни.
Болен
Дојчин го
победил
Црната
Арапина кој
заседнал
под Солун и
го
тероризирал
населението, но ги
казнува и неверните
побратими. Мирче,
братот на
Рабдула,
заедно со верните
пријатели
Ѓуро,
Плетикоса
Павле, Секула
и Груи- ца
Детенце го
погубуваат
кралот на
Латините, затоа што сакал
со измама да
го погуби
Рабдул бег
војвода итн. Значи, во
јуначките песни,
јунаците се такви какви што
народот
сакал да
бидат:
бестрашни,
силни,
непобедливи во
борбата со
непријателот, потоа чесни,
солидарни со обесправените,
со
сиромасите,
со сакатите
итн. По
својата
бројност, по
богатството
мотиви, по
естетските
вредности, по
фактот дека
опеваат една важна
појава
од
историјата на нашиот народ,
ајдутските песни имаат
мошне важно
место во
македонската
борбена
поезија. Ајдутството како појава или како
движење е
широко распространето на целиот
Балкански
Полуостров поради што нашло место во
народната
поезија на сите
балкански
народи.
Во
услови на
ропство, на жестока
репресија врз
народот од
страна на
поробувачот
јакнел и
отпорот кон
тој терор,
изразен и
преку оваа
појава. Ајдутството било
вистинско
народно
движење. Тоа не
можело да
опстане ако
ја немало
широката поддршка
од народот, ако
ајдутите немале
јатаци, луѓе што ги чувале, што ги
хранеле и
што
ги
криеле од потерите на власта.
Така, се случувало
некогаш
горите да
бидат полни
со ајдуци,
како што пее
песната за
гората: зиме си
полна
овчари, / лете си полна јунаци; Иако
ајдутите биле одметнати
најчесто
од лични
причини и биле
манифестација
на
индивидуален
отпор кон
поробувачите,
сепак тие
биле и
заштитници
на народот. За Иљо
војвода
Малешевски
народот
пеел: Не дава
хајта да
мине, / не дава
обир да стане,
/ не дава
зулум да
биде. Иако
некои
ајдутски
народни
песни "го
прикажувале ајдутскиот живот во романтичарска
привлечна светлина и ги
хероизирале како
подвизи
одделните ајдутски акции"4
сепак
можеме
генерално да речеме дека во
народните
песни
ајдутството
и ајдутите
се
прикажани
реално.
Навистина
и
"ајдутските
песни не се
историја, но
ако се
обидеме да
ја доловиме
суштината
на овие
песни
секако ќе
треба да се
сообразиме со
историјата. За
нас
основен
работен
инструмент е
песната, но зад
секоја песна стои
определено социјално
дејствие,
независно
дали е регистрирано
историс- ки или
не."5 Народот се одушевувал од девојките, односно жените -
војводи. Познати се во
историјата на нашиот
народ,
Сирма
војвода,
којашто
дејствувала во
Западна
Македонија,
Румена
војвода,
наречена
"планинска
царица"
којашто
царувала во
Осоговските
планини,
Восилка војвода
којашто ги шетала
планините во
Дебарца, Цвета
војвода и
др.
Суровоста на ајдутскиот живот не им бил
наклонет на жените. Затоа да се биде мома
учесник во
ајдутска
дружина, или уште
војвода за
народот било
вистинско
чудо: Дека се
чуло, видело, /
мома
војвода да
биде, / на
седеумесет
сејмени, / на
тија гори
зелени, / на
тија води
студени? За
надарените
творци, пак,
било
инспирација
тоа што
жената -
војвода
војводството
не го добила
како пода-
рок
или
привилегија, туку за него се
изборила низ рамно-
правен
натпревар
со мажите,
откако
каменот го
натфрлила
десет
чекори
потаму, или
откако со
куршумот го
погодила
прстенот на буката,
"пушката пукна од рака, /
падна
ми прстен
од бука". Познато е
дека
кога
во
одредени
региони
избувнувале
буни и
востанија,
ајдутите
биле тие што
застанувале
на чело на
побунетото население и
со
своето искуство
давале
значаен
придонес на
тој план.
Војничкото
искуство и
образование
на ајдутите
било
искористено
и подоцна во револуционерниот
период, односно во
периодот на
Илинденското
востание.
Организацијата
правела
напори сите
ајдути
да
ги
стави
под
своја
контрола,
односно да ги
направи членови
на едно
организирано
движење. Многумина
давале
отпор,
навикнати
на слободен
живот не
можеле да
прифатат да
бидат комадувани
од некој
центар. Но как што
организационото движење
добивало во
масовност,
така
ајдутите
самите
гледале
дека времето
на
ајдутството
е
неповратно поминато и ги прифаќале поканите на
Организацијата
и условите.
Од имињата што
се
споменуваат
во
ајдучките
песни особено треба
да се
споменат:
ајдук Велко,
Инџе
војвода,
дедо Иљо
војвода
Малешевски, Стра-
хил
страшен војвода,
Чавдар, Лалуш, браќата
Чакревци, Ѓорѓија
Лажот итн. Помеѓу
ајдучките и
револуционерните песни стојат песните од
комитскиот период,
односно еден фонд песни што им
претходат на
револуционерните,
односно на
илинденските
песни. Во овој
период се
познатите
Разловечкото (1876),
Кресненското (1878-79)
востание итн. Но
познато е дека
владиката Натанаил во 1880
година во
Западна
Македонија
организирал
востание коешто
поради
предавството
пропаднало,
а владиката
морал да се
спасува со
бегство. На чело
на четите во
Охридско,
Дебарско,
Кичевско требало
да застане
војводата
Мицко, кој е опеан
во песната Не седи
Џемо
слободен и
во повеќе
други песни. Во услови кога
империјата изгубила повеќе
територии,
султанската каса морала да се полни со
зголемување
на даноците
на
териториите
што
останале во
нејзиниот состав, каква што била Македонија. Од
друга
страна,
корумпираната државна
администрација,
одметнувањето на
поголем број
насилници кои го
тероризирале
населението дава слика на
животот на
народот од тоа време.
Песната
од овој крај
опева еден
насилник од
Кичево,
неговата
поврзаност со
државаната администрација, но и
самоорганизираноста на
локалното население за
одбрана.
Песната од
овој период
пее и за
Стојан
Карастоилов,
односно
Стојан од с.
Старчишта,
учесник во
Кресненското
востание:
Стојан,
млада војвода,
/ Стојан од
село
Старчишта.
Пее и за
Катил Ѓорѓи,
и за Ѓорѓија
Лажо, и за
Спиро Црне
кој го
спасил
населението од
насилникот Ќучук Сулејман,
но во повеќе
песни пее и
за дедо Иљо
војвода
Малешевски
кој се
прочул како
јунак над
јунак, кој
има целосна
контрола над
теренот па така: Не дава хајта да мине, /
не
дава обир
да стане, / не
дава зулум
да биде"
поради што
од народот е
наречен "на
Крали Марка
детето". Секако
најбогат е
циклусот песни за
Илинденското
востание и
за
илинденскиот
период, воопшто.
Кога
станува
збор за
револуционерните,
односно за
илинденските
песни треба
да се
нагласи
дека тие се
создавани
во период подолг
од еден век,
што зборува
за односот
на
македонскиот
народ кон
Илинденското
востание,
еден клучен
настан од
нашата
национална
историја.
Овие песни
го опеваат
самото востание,
подготовките
за него, како
и настаните
што му
следувале.
Тоа значи
дека опеваат
период од
дваесетина
години,
десетина
години пред
востанието и
исто
толку
години потоа. Годините
што му
претходеле на
востанието
се каракте- ристични
по тешкиот
живот на
македонскиот
народ, репре-
салиите врз
него, но се
значајни и
по
подготовките
за вос-
танието,
нараснатата
национална свест,
свеста за
потреба од
организирана борба за
ослободување. Во годините по
востанието се опеваат
продолжениот отпор, многу борби, загинувањето
на
најистакнатите
водачи на
движењето6 итн.
Оваа
песна
ги
опева
и
неколкуте
провали пред востанието како
Виничката (1897),
Ракитничката (1902), Валандовската
провала
(почетокот на 1900)
кога
биле затворани и
биле
мачени
многумина од
организираните членови, но и
од мирното
население. Песната пее за
Виничката афера од 1897
година, кога за да ги спаси
другите
обвинети,
целата одговорност ја
презел учителот
Јосиф
Даскалов: Ој
кајмакаме,
дејгиди мрсно куче,/ од
прости
луѓе
ти
шчо
ли
сакаш?/
За
сичко
требе
мене
да питаш!/ Ја сум
купувал пушки
динамит,/ јас сум против-
ник
на султан Амид. Оваа песна го опева и
судирот на
Дејан
Војвода со
турскиот
аскер во
Арбиново, во
пролетта 1903
година. Гори
Балкан, гори
Балкан во
Горна Дебарца,/
стари Дејан
свадба
прави со
ѕверови, пее
за помошта
што
локалното население му ја дало на
војводата, поради што
над
сто
и педесет
жители од овој крај биле
осудени на по 101
година
затвор и
испратени во
злогласните
затвори во Диар
Беќир. Ги
опева и
солунските
атентати: Од
Солунско
рамно
поле,/
устрескаха, успукаха,/ пушки бомби динами- ти,/
запали се
параходо,/
параходо
"Гвадалкивир"/ запали го
Павле Шатев,/
Павле Шатев
Кратовецо. Од
овој
период, пред
востанието,
песната ја опева
битката во Ракитница и
загинувањето на
војводата Веле Марков,
потоа
саможртвата
на Методија
Патче и неговите
соборци во
Кадино Село,
борбата на
Јордан
Пиперката
во Брезово
итн. Но секако
најопеан
настан од
перидот
непосредно пред
востанието е
загинувањето на Гоце
Делчев во селото
Баница. Но
треба
веднаш да се
напомене
дека Гоце
Делчев е
најопеаниот
лик во
македонската
народна
поезија од
овој период. Македонската
народна
песна од
овој период
го опева и
самото
востание,
првичните
победи на
востаниците,
одушевувањето од создавањето на Републиката, ги опева поголемите битки од востанието, на Мечкин Камен,
Прибилци,
Рашанец и
други места
и потоа
загинувањето
на Јордан
Пиперката,
Питу Гули и
други
јунаци. Оваа
песна ја
опева и пропаста
на
Востанието,
силната
одмазда на османлиската
војска и
башибозукот, запалените села,
многуте жртви,
особено
страдањата на
мирното
население. Пее за
многу
настани што
се случиле цела
деценија по
востанието
кога
загинале
редица
најистакнати
револуционери: Даме
Груев,
Никола Карев, Мише
Развигоров,
Леонид Јанков,
пее за
битката на
Ножот итн. Иако песни за
страдањата на
македонскиот народ и
за отпорот
кон
турскиот поробувач
среќаваме и
во
песнарката
на Ѓ. Пулески
од 1897 година и
во записите
на Цепенков, Шапкарев, потоа во поголем број во Зборникот на Н.
Тахов,
за прв пат
циклус
револуционерни песни е
објавен во
Зборникот на Панчо
Михајлов од 1924
година.7 И
во
предговорот на М.
Арнаудов и
во текстот на П.
Михајлов
со наслов
"Неколку
думи"
особено се
нагласува
овој податок. Панчо
Михајлов во врска со овој
циклус посебно ис-
такнува: "Во
мојот зборник
има еден нов
оддел -
револуционерни песни,
незасегнат од
никого
досега. Наспроти
книжевното
влијание, кое се
чувствува тука и
таму,
јас
ги
поместив за да се
долови
револуционерното настроение и
неизменетото
народно сознание
во
краиштата
каде што се пеат".8 Заслужува
особено
внимание оваа
констатација на П.
Михајлов за
"книжевното
влијание" која е
една
од
поважните карактеристики на
револуционерните песни за
Илинден.
Австрискиот
конзул во
Битола
Август Крал во извештајот од 28.
09. 1903
година
забележал дека "Многу настани
се величаат
во песни,
народот ги
воспева и за
тоа особено
се грижат
учителите
што
учествуваат
во
востанието".9 Поради тоа што
учителите меѓу
востаниците се гри- желе
настаните
да бидат
опеани во
песни, поради
тоа што во
овие
песни
е видливо
книжевното
влијание, овие песни се
наречени
даскалски
песни. А дека
поважните
настани од
овој период
се забележани
во песните
сведочи и
американскиот
новинар и
публицист
Алберт
Сониксен кој
извесен
период
минал
со
македонските
востаници. Тој во своите
записи од
овој период
пишува дека
"Македонците
ги запишуваат
големите
настани од
својот живот во
народните
песни, а оној
кој ги
сочинува тие
песни е
сигурно
некој
непознат
селски учител".10 Кога
зборуваме за карактеристиките на
револуционер-
ните песни
за Илинден
треба да
кажеме дека
очигледно кај оваа
песна се
губат
епските
димензии за
сметка на
лирските. Од една
страна, се губи долгата форма на песната,
раскажувањето,
повторувањата,
идеализацијата на јунаците,
хиперболизирањето, долгиот стих
карактеристичен за
епските песни итн., а
од
друга
страна се
засилува
реалистичното
прикажување
на јунаците
и настаните,
се прифаќа
кусата
форма
на
песните, им се дава
примат на
лирските чувства
итн. Иако оваа песна го опева
поразот, иако опева многу
страдања,
жртви и сл. не
може да се
рече дека е
песна на песимизмот,
на очајот и
сл. Напротив,
тоа е песна
со опти-
мистичка
визија: ќе
настанат
рожбите му,/ па ќе газат
трагите му,/ па ќе носат
бомбите му,/ па ќе носат
пушката му,/
па ќе носат
сабјата му,
или во друга
песна,
Александар
Туртунџов
од бесилката
порачува:
Ако ме мене
обесат,/ нека
се живи
браќа ми,/
поарни ќе се
од мене. Уште
незалечени
раните од
Илинденското
востание,
македонскиот народ го
нападнаа нови
несреќи. Се случи
Првата
балканска војна (1912)
што
ја
водеа
неколку
балкански
држави
(Бугарија, Србија,
Грција),
имено за
ослободување
на Балканот
од турското
присуство.
Но набргу
потоа, се покажа
вистинското
лице на овие
божемни ослободители.
Тие
започнаа
нова,
меѓусебна војна,
за поделба
на пленот,
односно за
поделба на Македонија. На
Втората
балканска
војна (1913) со
која
Македонија
беше
распарчена
на четири
дела се
надоврза и
Првата
светска
војна
(1914 - 1918) која само ја потврди
таквата
состојба. Како што е познато,
Македонија
се најде во
средиштето
на овие
војни што со мал
прекин меѓу
Втората
балканска и
Првата
светска војна
траеја цели шест години.11 Во
таа
смисла,
најголемите
страдања
што ги носат
воените
виори
паднале врз грбот на
македонскиот народ.
Фактот дека
Македонскиот
(Солунскиот)
фронт минувал
низ
Македонија
би требало да
резултира со
мноштво песни,
преданија и
други народни
умотворби. Но
не е така. За двете
балкански и Првата
светска
војна има
неочекувано
малку песни,
а преданија и
други
народни
умотворби речиси и
да
не се
забележани. Сепак и
тие
малку
песни
што
се
запишани и што се
објавени со своите
карактеристики заслужуваат
внимание. Првата
светска војна во
народните песни е
опеана како
тригодишна војна: "Леле
војната, мајко војната,
војната
тригодишната/ мајко
војувам,
војувам не ќе се
вратам".
Овие песни
опеваат
малку
личности и
тоа главно
непознати:
"Мијалчо војник
замина, или: "Во
јукопи има
трева до
рамена/ унатре
леже то
војниче
Ѓорѓи". Во овие
песни се
опеани
повеќе
места: Кајмакчалан,
Бабуна,
Солун,
Битола со
битолско поле,
Дојран со
Дојран- ско
Езеро и
дојранско
поле, Голеш,
Црвена Стена
итн. Но
почесто се
среќава
името на
селото
Карамани: Бојот
започна близу до
Битола /
еј
жална
мори мајко, близу Битола, /
близу
Битола, село
Карамани / Село
Карамани страшните
окопи. Потоа
се пее и за
Кај- макчалан:
Ѓорѓи
војниче
замина, /
осумнајста
година, горе на
Кајмакчалан,
се пее за
Солун: Солун
да го земиме, /
со
солунските
скелиња, за
Битола: А Битола
пуста
останала, /
тамо жена
мажа закопала
итн. Во овие
песни се
опева и
границата,
како место
на
загинување
на војникот: Заплакала
е леле,
вдовица, на
леринската
граница / на
Јованова гробница. Во овие
песни се пее
за
заминувањето
во војска: И
за мене
позив дојде /
млади
војник да одам,
за мотивот
ранет јунак:
прва пушка
пукна, мене
ме погоди, за
ранети и
загинати, за
разделби и
трагедии:
Марике либе Марике /
тебе ми те
жална
оставам / жална
од осум
месеци и
натаму: ако ти е
машка
рожбата, /
на
мое
име
да
крстиш. Во
овие песни се пее и
за
ровови
(окопи), за
жестоки битки,
временски
непогоди и
сл.
Во
повеќето песни се пее и
за
војникот
што се враќа
од фронтот по
повеќе
години
непрепознат
дури и од неговата
невеста:
Млада
хубавице,
јас сум твојо
Јордан.
Имало
случаи
некои
војници
седум
години да
минат
на
фронтовите од
почетокот на
Првата
балканска
војна
до
крајот на Првата
светска војна. Во
меѓувреме за
некои
од
нив
стигнала и
веста
за
нивно
загинување, па
домашните ги извршиле и
погребните обреди, за потоа
војникот
пак да се
појави на
куќната
врата
непрепознат
од својот роден син: Тоа е
сине
татко
ти / што
загина на
фронтот. Во
песните за
Балканските и
Првата
светска војна
среќаваме и
нова
лексика во однос
на
претходните
борбени песни:
четен
кумандир,
френски
куршуми, окопи,
гранати, болници,
пампури итн.
Френцки ме
куршум прониза
/ левата
страна
срцето/
десната
страна градите
итн. Во овие
песни
се споменуваат и
војници-арапи.
Преданието
забележало дека во
селото Буф
најубавата
девојка Митра
работејќи во полето била
нападната од еден
војник од
француската
војска, црнец, кого таа
бранејќи се, го убила
со мотиката.
Ој море
капетане
црни
арапине /
црно писано, / од
Алжир да
дојдеш / село
Буф да одиш, / ти да
загинеш, и
натаму во
истата
песна: Јунак
над јунака, Митра
се пока- жа /
љубов не
даде / мотика
по глава /
мртов падна. Очигледно е
дека
македонскиот народ не пеел со
инспирација или, би рекле, со
задоволство за овие војни што
се воделе не
по негова
желба, што му
биле наметнати и во кои тој доживеал само
трагедии и
страдања. Фактот
дека
Македонија
и од Првата
светска
војна
излезе
распарчена и
поробена со многу потешки
услови за живот, со
денационализација
и асимилација
од страна на
поробувачите,
биле причина
повеќе
македонскиот
народ да
нема мотив
да ги опева
овие војни. Со
Балканските војни Македонија беше
поделена и
македонскиот
народ
живееше во
класично
ропство,
бидејќи му
беа
одземени сите
национални, социјални
и други
права.
Надевајќи се на
ослободување и
на
подобар живот
македонската
интелегенција во
меѓувоениот период беше на
страната на сите
прогресивни движења,
работнички,
студентски
итн. Затоа ја
прифати и
идеологијата
и програмата на Коминтерната и Комунистичката партија кои го
признаваа
македонското национално
прашање. Затоа во 1941
година,
односно во текот на
Втората
светска војна,
македонскиот
народ
застана на
страната на
антифашистичката
коалиција и
во неколкугодишната
борба даде
свој
придонес во
таа
заедничка
борба. Во тој
период беа
создадени
голем број
песни што ги
опеваа
борбените
подвизи,
мноштво
личности,
мотиви,
места итн.,
односно
целата
борбена
атмосфера од тој
период. Затоа
можеме да речеме дека
овие песни
претставуваат
"хроника во стихови
или жив
стихуван
летопис на
животот и
борбата на
македонскиот народ
во НОБ и
Револуцијата".12 Овие
песни
претставуваат
не само
значаен дел
од вкупниот
фонд
македонски
народни песни туку и значаен дел од културата на
македонскиот
народ. Песните од и
за Народноослободителната борба се
најмлади
македонски борбени
народни песни. Овие песни го
опеваат
континуитетот
на
револуционерната
мисла и на
револуционерната
борба на македонскиот
народ
за
национална
слобода и
за
создавање своја
држава. По
многу нешто тие се
надоврзуваат на
претходните јуначки,
ајдутски и
особено на
револуционерни песни од
периодот на Илинден.
Користејќи
ја
поетиката
на народната
песна,
користејќи
мноштво
мотиви од
претходните песни, според
принципот на
адаптација и
на
актуелизација
песните за НОБ
и
Револуцијата,
го
одразуваа
новото
време и
придонесот
на
македонскиот
народ во
заедничката
антифашистичка
борба. Овие
песни имаат
многу
заеднички
елементи со
ваквите
песни кај
другите
балкански народи
зашто и
борбата
беше заедничка
и се водеше
против
заеднички
непријател -
фа- шизмот.
Но овие
песни имаат
и низа
специфичности,
како што и
македонското движење имаше
специфичности во
однос
на
борбите на
другите
народи од овој период. Оваа
борба на
македонскиот
народ
претставуваше
продолжение
на претходните
ослободителни борби и
остварување на илинденските
идеали, а и
песните за
НОБ се надоврзуваа
на илинденските
и
ајдутските
песни и по
мотиви и по
идеали. Во овие
песни се пее
за тешкиот
живот што го
живеел македонскиот
народ, во
годините на
ропство,
како во прет-
ходните
времиња
така и во време
на новото
ропство.
Затоа во
овие песни се
повикува:Ајдете
браќа, / сите
содружно, / да
ги скршиме, /
ропските
синџири, или
во друга
песна: доста
е ропство,
доста
тиранство. Затоа што пак тоа време беше време на
наезда на
фашизмот и
општа
борба
против ова зло
македонската
народна
песна од
овој период
посебно тоа
го
нагласува:
Там се
бијат,
мила
мамо,
/
млади
партизани, /
там
се
бијат, мила мамо, /
со
клети
фашисти, или: Нека разберат /
крвави
фашисти,/
македонско
име / нема да
загине. Во тој
борбен
занес,
во тоа време на
страдања и
надежи јасно е
зошто
многу
стихови личат на
пароли: Смрт на фашизмот, викаа, /
слобода на
народите, или: Смрт на
фашизмо,
слобода на народо,
/ да живее
Македонците
и
Македонките,
или: Да ни
живее
омладината,
/ да ја
уреди
републиката.
Итн. Во овие
песни
најчесто се
пее за
повикот за излегување
партизани:
Сите
Македонци
на нозе сме
пак, / за да
ослободиме својот куќен праг. Особено често се пее за
желбата да се стане
партизан,
односно
партизанка: Ќе одам стара ле
мајко,
/ ќе одам, мајко,
партизан, или: Голем мерак имам,
мамо, /
партизан да
одам, или: А
што ми е мило
ем драго, /
млада
партизанка
да бидам.... Многу од овие песни се
настанати со адаптација и
со
актуелизација
на постари
песни,
односно на
познати
мотиви од
постарите
борбени или
други песни:
љубовни, хумористично-сатирични,
печалбарски
итн. Како
што мотивот
желба да се
стане партизан
го
среќаваме и
во
постарите
песни како
мотив да се
стане
ајдутин или
комита, така
и мотивите
разделба и
излегување
во
партизани, потоа
борба со
непријателот, ранување,
фаќање,
мачење, погубување,
мотивот
саможртва за да не падне во
рацете на
непријателот, се
исто
така
мотиви што ги
среќаваме и
во
борбените песни од
претходните
периоди. Но не
само
борбени
песни.
Народниот
пејач на
ваков начин
искористил
и некои
печалбарски и други
песни. Така,
на пример,
една
изразито
печалбарска
песна
Гледај ме
гледај либе, /
денес сум
тука, / утре ќе
одам туѓа туѓина, итн.
народнот пеач ја
адаптирал на новите
услови
и
таа
пеела
за
новата
ситуација за одење
партизан во
Славеј
планина и на
Караорман,
во други песни,
во Вичо или
некоја друга планина,
зависно во кој крај се пеела
песната:
Гледај ме
гледај, либе, /
уште
денеска, / денес
сум тука,
либе, / утре ќе
одам. Треба да се
истакне дека оваа песна ја нема
убавината на
претходните
јуначки или
ајдучки песни,
гледано од
естетски аспект,
дека таа не
располага
со стилски
фигури и
други
изразни средства
како
претходните
борбени
песни, но и
како
обредните, митолошките,
љубовните итн. Причина
за
тоа
е што овие песни се релативно млади,
запишани се
релативно
набргу по
нивното
настанување,
поради што
не го
минале процесот на
фолклоризацијата, не
претрпеле преправки
и додавки
како што е случај
со
постарите
песни. И уште
нешто што е
поважно,
целта на
овие песни е
да ја
соопштат
фактичката
состојба, нападот,
насилството,
огра-
бувањето, ранувањето или
загинувањето.
"Оттука, овие
песни
имаат
и
своја
незаменлива
документарно-историска вредност"13 Зашто, тие
опеваат вистински
личности,
вистински
настани,
реално ја
сликаат
атмосферата од тој пе- риод
итн. Одма ми в
село влегоа, /
фатија куќи да
пленват, / фатија
амбари да
црпат, /
фатија
правци да
колат... Поради
тоа што се
релативно
млади песни
на многу од
овие песни
им се знаат
авторите. В. Малески,
О. Михај-
ловски, Л.
Манчевски -
Пинџур, и др.
Но имало и
колективно
создавање вакви
песни. Во
збирката "Од
борбата" на
Б. Конески
кон една
песна стои
податокот
"Спевала
младина- та
од с.
Габровник,
Велешко".14 Значи,
автори на
овие песни
биле
личности од
најразлични
средини и со
најразличен
статус
во
општеството, поети,
партиски
работници, но и штотуку
описменети
селани и
селанки. Но,
сите
тие
биле поетски
надарени
личности кои
умееле во
стихови да ги
преточат
сето она што
го гледале и
преживувале.
Многу
од овие
песни биле
создадени
веднаш по
настаните
како
спонтано и
искрено
реагирање
на народот
кон тие
настани. Во тоа
како што
сведочи
Владо
Малески
особено
активна
била
младината. Песните за НОБ и
Револуцијата пеат за нов
окупатор, клети
фашисти, но пак пеат за
слобода на
Македонија, слобода
да добиеме/
за наша
Македонија.
Оваа песна
опева нови
јунаци:
Петре
Пирузе -
Мајски,
Борка Левата,
Ѓорче
Свештарот, Мирче Ацев,
Страшо
Пинџур, Мирка Гинова,
Лазо
Трповски,
Никола Парапунов,
Вера
Циривири -
Трена и многу
други. Пее за
нови борби
кај Ботун, Распаќе,
Му- кос,
Козјак, Бистра,
пее за Пирин
и за Вичо Планина,
пее за
Пелистерската
Планина и Лавчанската
Корија, пее и
за Дебарца "се
попленета, се попалена од клети
фашисти”. Но оваа песна и
решително ја
истакнува пораката: "Нека
разберат/
крвави
фашисти/
македонско
име/ нема да
загине”. Особено треба да се
нагласи дека во песните од постариот
период,
односно во
песните
создавани во текот
на
самата борба
очигледно е
влијанието на
постари песни
од
работничкото движење, песни преведени од
српски, од бугарски
или од руски
јазик,
додека пак
во песните
создавани
кон крајот
на војната и
особено по
неа повеќе
се пее за
братството
и единството
на
југословенските
народи, за Тито
и за
Партијата итн. Иако се
забележани
и песни со
епски
карактеристики,
во основа партизанските
песни "се
доминантно
лирски творби.
Иако во нив
се опеваат,
како што
видовме
борбени
настани, а
опеаните
личности се
историски
личности,
епскиот потход
очигледно не ги
привлекувал
народните
пејачи. Тие
се
ориентирале
кон
лириката,
затоа што
таа им
овозможувала
борбата да ја
опеваат во
согласност со
народните
чувства и
стремежи, со
силни
лирски изрази
и
разновидна
музичка
придружба".15 Кочо Рацин во статијата за народната песна
истакнува
дека
"Песната на
Македонија
е нејзина молитва,
огледало на
нејзината
душа и
нејзина
воздишка".
Тој уште
вели дека
"Сето она што
не можело во
животот
слободно да
се каже, сето
она што
морало да се
преживее во
себе, го
нашло
своето место во
песната". Македонскиот народ во
многуте
векови на
ропство
многу нешто
не смеел да
каже. Го таел длабоко во душата,го премолчувал и го
преживувал и
најпосле го
искажал низ песната. Затоа додека
историјата ги опишува и
ги
толкува
настаните, народната песна е
сведоштво за
духовната историја на
македонскиот
народ, за неговите
расположенија,
страдања, за
неговите
желби,
очекувања,
за неговиот
душевен однос
кон
историските
настани. 1
Александар
Матковски,
Отпорот во
Македонија
во време на
турското
владеење, 1-4,
Скопје 1983. 2 Цитирано според: Петљр
Динеков, Бљлгарски
фолклор, част
пљрва,
Софија, 1990,
168. 3
Кирил
Пенушлиски,
Ајдутски и
револуционерни
песни,
редакција
д-р Кирил
Пенушлиски,
Скопје 1969,
предговор с. 7. 4 Д-р
Димче
Најчески,
Студии за
ајдутските
народни
песни од
македонското
фолклорно
подрачје,
Куманово, 1994, 20. 5 Илиџ
Манолов,
РеволЃционната
народна песен от
Македониџ,
Софиџ,
1994, 32. 6 Илиџ
Манолов,
РеволЃционната
народна песен от
Македониџ,
том 2 1904-1934,
Софиџ
2003. 7
Бљлгарски
народни песни от
Македониџ, сљбралљ Пан=о Михајловљ, с
предговорљ отљ Проф. М.
Арнаудовљ, Софиџ, 1924. 8
Панчо
Михајлов,
Неколку
думи, во
истиот
зборник, с.
ЏИВ. 9
Извештаи од 1903
- 1904 година на
австриските претставници во
Македоинја, Превод,
редакција и
коментар
Данчо
Зографски, Скопје
1954, 136. 10
Алберт
Сониксен,
Исповед на
еден
македонски
четник,
Скопје 1997,75. 11 Д-р
Иван
Катарџиев,
Историја на
македонскиот
народ, том
четврти,
Скопје 2000, 9. 12 Симо
Младеновски,
Македонските
песни за НОБ
и
револуцијата,
Скопје 1983, 106. 13
Симо
Младеновски,
цит. дело,
137. 14 Од
борбата,
Народни
песни,
Собрал и
редактирал
Блаже
Конески,
Скопје 1959, с. 14. 15 Кирил
Пенушлиски,
Одбрани
фолклористички
трудови, 3,
Скопје 1988, 348. |